Почина Мања, пејачка во бендот „Дисциплина кичме“


Почина Маринка Ѓорѓевиќ – Мања, пејачката на култниот српски бенд „Дисциплина кичме“.

Информацијата ја потврди бендот на својата страница на Фејсбук.

„Нè напушти нашата најубава Мања!“, напишаа од бендот.

Мања се приклучи во бендот „Дисциплина кичме“ во деведесетите годнии, откако основачот Душан Којиќ Која се врати од Лондон повторно во Белград.