Почина мајката на сопругата на претседателот Пендаровски, посмртно е земен тест за корона


Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, починала денес на Клиниката за пулмологија, каде што претходно била хоспитализирана. Во текот на изминатата година била во тешка здравствена состојба.

„Посмртно е земен брис за корона вирус и за резултатите дополнително ќе биде информирана јавноста, најверојатно во текот на утрешниот ден. Генерално, досега немала симптоми на Ковид-19” – соопшти кабинетот на претседателот на државата, јави А1 он.

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска до сега не се тестирани за корона вирус. Од резултатите на тестот за мајката на Ѓоргиевска, ќе зависи дали ќе бидат тестирани.