Почина легендарниот германски фудбалер Герд Милер


 

Почина Герд Милер, легенда на германскиот фудбал. Веста ја објави Баерн Минхен на својата страница.

„Денеска целиот свет на Баерн мирува. Најуспешниот германски клуб и неговата база навивачи жалат по Герд МИлер, кој почина рано наутро во неделата. Имаше 75 години“ – напиша Баерн.

Со рекордни 68 голови во 62 репрезертативни натпревари, и со 365 гола во 427 бундеслигашки настапи и 66 (75) европски голови, Милер е еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот.