Почина кучето Феликс кое што крвнички беше претепано со метална шипка


Почина кучето Феликс кое кон крајот на ноември 2024 година беше крвнички претепано со метална шипка. Оваа информација денеска ја споделија од ЈП „Лајка“. Оттаму појаснија дека кучето имало бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови, добило напад кој за него бил фатален како резултат од многу здравствени компликации.

-Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прпват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен, стои меѓу другото во објавата на „Лајка“.