Почина ковид пациентот кој се обиде да се самоубие во Албанија


Еден ден откако се одлучи на екстремен чин, на скок од вториот кат на Инфективната клиника во Тирана, почина 69-годишниот пациент со Ковид-19.

И покрај напорите на лекарите Р.Г.од Фиер им подлегнал на серозните повреди добиени во пределот на главата при падот на бетонска патека. Сега почнатиот пациент бил хоспитализиран пред една недела и бил на интензивна терапија.

Неговиот син вчера за медиумите изјави дека татко му немал никакви психички проблеми.

Ова е четврт ваков случај од средината на август. Претходно тројца пациенти зазаразени од Ковид-19, на возраст од 29, 65 и 52 години се самоубија со фрлање од балконите на „Шефќет Ндроќи“ или ковид два болница. И во нивните болнички картони немало податок дека имале било какви психички проблеми.

По се почестите обвинувања за недоволната грижа поради пренатрупаните болници, од страна на роднини на починатите и опозицијата, се огласи премиерот Еди Рама, според кого „вакви нешта се случуваат во многу други држави во Европа“.

-Во Италија од март до август се самоубиле 71 ковид пациент а беа регистрирани и голем број обиди за самоубиство. Во Германија се самоубија четворица паценти, исто толку во и Саудиска Арабија, самоубиства има и во Франција. Зарем и таму, како што овде обвинува опозицијата, самоубиствата ги потикнуваат владите на тие земји.Да плачеш или да се смееш, рече Рама.