Лиза Мари Присли, единствената ќерка на Елвис, почина од инфаркт на 54 години


 

САД– Пејачката и текстописец, Лиза Мари, ќерката на кралот на американската рок-музика, Елвис Присли, почина откако итно била пренесена в болница поради можен срцев удар. Веста ја потврди нејзината мајка Присила Присли.

– Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари нè напушти. Таа беше најстрасната, најсилната, највљубената жена што некогаш ја познавав. Бараме приватност додека се обидуваме да справи со оваа длабока загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите. Нема да има дополнителни коментари во овој миг, изјави Присила.

Семејството Присли во 1970 година

Лиза Мари Присли почина на 54-годишна возраст од срцев удар во нејзиниот дом. Веста за нејзината смрт дојде неколку часа откако таа била згрижена во болница во Калабасас, Калифорнија.

Инаку, таа во вторникот присуствуваше на доделувањето на „Златните глобуси“. Со мајка ѝ беа присутни за да го поддржат Остин Батлер, кој освои награда за главна машка улога, за неговиот портрет на Елвис. 

Лиса Мари беше во брак четири пати: со музичарот Дени Кеу од 1988 до 1994 година, со поп-ѕвездата и пријател од детството Мајкл Џексон од 1994 до 1996 година, со актерот Николас Кејџ од 2002 до 2004 година (иако се разделија по само три месеци) и музичкиот продуцент Мајкл Локвуд од 2006 до 2021 година (се разделија во 2016 година). Таа имаше две деца од првиот близначки од четвртиот брак, Харпер Вивиен Ен и Финли Арон Лав Локвуд. Во јули 2020 година, трагедија повторно го погоди семејството Присли, кога Бенџамин се самоуби на 27-годишна возраст.