Почина Јосип Манолиќ, најдолговечниот хрватски политичар


 

Поранешниот скоевец, партизан, висок раководител на УДБА, основач на ХДЗ, а потоа и премиер на Хрватска, Јосип Манолиќ, почина на 104 години, потврди неговата ќерка за хрватскиот неделник „Национал“.

Во својата долга политичка кариера тој беше втор премиер на Хрватска (го наследи Стипе Месиќ, кој стана член на Претседателството на СФРЈ. Приведуван од усташката полиција на НДХ поради комунистиочки идеи за потоа да се префрли на ослободените партизански територии, Манолиќ беше еден од клучните раководители на УДБА од 1945 во наредните 20 години. На почетокот од 70-те беше ослободен од сите политички должности и пензиониран.

Тој е еден од основачите на Хрватската демократска заедница. Јосип Манолиќ, во јавноста попознат како Јожа, на 22 март го прослави својот 104 роденден. Роден е во Калиновац кај Ѓурѓевац во 1920 година.

Поранешниот југословенски и хрватски разузнавач и премиер на Хрватска беше интересен за медиумите пред неколку години кога на 97 години се ожени со 37 години помладата Мирјана Рибариќ, која почина во 2020 од рак на бели дробови.