Почина и бебето на трудницата избодена во Лондон


 

Новороденото момче, на трудницата која до смрт беше избодена во куќа во Лондон, почина денеска во болница, јави BBC.

Неговата мајка, Кели Мери Фоврел, во поодмината фаза на бременоста, беше избодена со ноќ во саботата, по што почина веднаш.

Нејзиното бебе на свет дојде благодарение на напорите на итната медицинска помош која дошла во куќата во која Кели е избоден, а новороденчето, момче е пренесено во болница во критична состојба.

На бебето му дадоа име Рајли, но почина во раните утрински часови во средата, пренесе Метрополитен полицијата која денеска објави и фотографии и снимка од мажот со качулка преку главата како се оддалечува од куќата во која е избодена Кели.

На смнимката се гледа машко лице како се оддалечува од куќата на Форвел околу 3.15 часот по локално време, а потоа по 10 минути почнува да трча.