Почина Михаило Миша Јанкетиќ, еден од најголемите југословенски глумци

Еден од најголемите српски и југословенски актери, Михаило Миша Јанкетиќ, почина денеска во Белград на 80 години.

Во богатата кариера Миша Јанкетиќ има одиграно повеќе од сто улоги во театар, главно во Југословенското драмско позориште. Остави огромен белег на филмот, телевизијата и радиото. Тој е добитник на сите најзначајни актерски награди, „Добричин прстен“, „Октомвриска награда“, четири „Стерииини“ награди, награда „Павле Вујисиќ за животно дело“.

loading...