Почина Џон Хјум, нобеловецот кој ги помири протестантите и католиците во Северна Ирска


Џон Хјум, римокатолик и еден од архитектите на северноирската мировна спогодба постигната на Вилики петок 1998 година, почина во понеделник на 83-годишна возраст, објави неговата Социјалдемоктратска и лабуристичка партија.

Хјум заради улогата во завршувањето на 30-годишното насилство меѓу католиците и протестантите доби Нобелова награда за мир.

Спогодбата на Велики петок на 10 април 1998 година го сопре 30-годишното насилство во Северна Ирска, со околу 3.500 жртви.

Хјум, заслужен за покренување на мировните преговори во таа британска покраина, Нобеловата награда за мир во 1998 година ја подели со тогашниот северноисли премиер Дејдви Тримбле од протестантската Улстерска унионистичка партија.

Хјум почина во домот за стари и немоќни во родниот Лондондери во понеделникот во раните утрински часови, соопшти семејството.

„Смртта на Џон Хјум е губиток на најзначајната и најдоследната политичка фигура во Ирска во 20 век“, рече претседателот на СДЛП Колум Иствуд, додавајќи дека тоа е „историски момент на овој остров, но птед се момнт на длабока тага“.

Активист, политичар и борец за човекови права

Џон Хјум беше умерен националист и активист за граѓански права кој ги предводеше пионерските преговоти со Гери Адамс, тогашниот челник на партијата Син Фен, политичко крило на Ирската републиканска армија.

Тие преговри го трасираа патот на заедничка иницијатива на британската и ирската влада 1993 година, која го поттикна мировниот процес и примирјето со ИРА 1994 година, што на крајот резултираше со мировната спогодба од Велики петок.

„Сите треба да ја наведнеме главата во знак на почит и благодарност. Каков извонреден човек, миритворец, политичар, водач, активист за граѓански права, семеен човек, вистински човек за Дери, инспирација“, рече ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковеној.