Почина човекот кој на Путин му овозможи да ја истражува вселената


 

Владимир Нестеров, човекот кој направи соништата на рускиот претседател Владимир Путин да станат стварност, почина на возраст од 74 години.

Како што пишува „Дејли мејл“, Нестеров е последниот човек од руската елита и четврт функционер кој почина за неколку дена.

Нестеров беше пионерски креатор на „најдобрата светска“ ракета Ангара и едно време ја извршуваше должноста генерален директор на центарот „Хрушчов“. Путин во врска со тој центар се надеваше дека ќе помогне во организација на првата руска мисија со човечка посада на Месечината.

Руските власти го обвинија Нестеров дека украл повеќе од 65 милиони евра

Нестеров од 2014 година го следеа обвиненија за проневера и измама. Руските власти го обвинија дека украл 65 милиони евра и дека бил во куќен притвор до понатамошна истрага.

Причината за неговата смрт не е откриена, но и тој сега е еден од руските моќници и личности кои соработувале со Путин кој од почетокот на војната во Украина починаа во различни околности.

Смрт на повеќе руски моќници

Пред веста за смртта на Нестеров, починаа неколку руски политичари, моќници и членови на елитата. Еден од неодамна починатите е и 65-годишниот Александар Бузаков, генералниот директор на „Адмиралти Шипјардс“, Беше задолжен за изградба на новите подморници со моќните преоктили „калибр’. Тој почина оваа недела, а ден пред смртта беше здрав.

Поранешниот наредник на руските комнени сили со блиски врски со Украина, 69-годишниот Алексеј Маслов, одненадеж почина на католички Божик. Тоа се случи откако Путин ја откажа посетата на фабриката „Уралвагонзавод“, каде Маслов работеше како меѓународен продажен претставник. Маслов наводно немал здравствени проблеми.