Почина британскиот режисер Алан Паркер

Еден од најуспешните британски филмски режисери, Алан Паркер, почина денеска на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Паркер има режирано голем број познати филмови, вклучувајќи „Bugsy Malone“ (1976), „Midnight Express“ (1978), „Fame“ (1980) „Mississippi Burning“ (1988), „Еvita“ (1996), „ Angela’s Ashes “ (1999), „The Life of David Gale “(2003).

Снимаше филмови од различни жанрови, од комедии преку драми до трилери и хорор, а особено е познат по мјузикли. Филмовите на Паркер имаат освоено 10 „Оскари“ и 19 награди БАФТА.

Неговото семејство објави дека починал во Лондон по долго боледување.