Почина Бојо Андрески, основачот на Европскиот универзитет

Синоќа, по кратко боледување почина  Бојо Андрески, основач и сопственик на првиот приватен универзитет во Македонија, Европскиот универзитет.

Бојо Андрески е роден 1959 година, завршил Воена академија во Белград, како и Економски факултет во Нови Сад. Има два доктората – по правни и политички науки и по економски науки. На Европскиот универзитет предаваше меѓународен маркетинг и меѓународен менаџмент.  Тој го поддржа, помогна и го крена на нозе весникот „Вечер“, беше лидер на Партијата на правдата, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Андрески беше и еден од првите претприемачи во Македонија. Сопственик на печатницата „Цетис“.

Комеморација ќе се одржи денеска во просториите на Европскиот универзитет.