Почина актерот кој му го даде телото на славниот негативец Дарт Вејдер


Дејвид Праус, британски бодибилдер и шампион во кревање тегови, кој го играше негативецот Дарт Вејдер во оригиналната трилогија „Војна на ѕездите“, почина на 85-годишна возраст, потврди неговиот агент за „Холивуд репортер“.

Праус го толкуваше Дарт Вејдер, односно го „подари“ неговото тело, додека Џејмс Ерл Џонс му го позајми гласот на славниот негативец.

Праус исто така беше чудовиште во неколку филмови за Франкенштајн, а се појави и во филмот „Пеколен портокал“ на Стенли Кјубрик.

Документарниот филм „Јас сум твојот татко“ е снимен за него, именуван по познатата реченица изречена од Дарт Вејдер.

Тој исто така беше тренер на Кристофер Ривс кога се подготвуваше за улогата на Супермен во доцните 1970-ти.

На 50-годишна возраст, тој сè уште може да крене 317 килограми од т.н. дедлифт.

Роден е во Бристол во 1935 година.