Почетокот на натпреварот помеѓу Англија и Норвешка може да биде одложен поради невреме
Англија и Норвешка ќе го играат четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во сабота во 23:00 часот, а натпреварот би можел да започне подоцна поради временските услови.
Натпреварот се игра во Мајами во 17:00 часот по локално време, а температурата би требало да достигне 34 степени Целзиусови, а дополнителна загриженост создава високата влажност на воздухот, поради што ќе изгледа како да е дури 43 степени Целзиусови на почетокот на натпреварот.
Дополнително, се предвидуваат грмотевици, а доколку тоа се случи, почетокот на натпреварот ќе биде одложен за најмалку 30 минути.
За потсетување, според строгите правила, натпреварот мора да биде прекинат ако се забележи удар од гром во радиус од 13 километри од стадионот.
Англичаните веќе се соочија со одложување поради временските услови на ова првенство, бидејќи осминафиналниот натпревар против Мексико беше одложен за еден час поради предупредување за грмотевици.