Почетино: Кејн може да биде подготвен за финалето на ЛШ


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, изјави дека напаѓачот на „петлите“, Хари Кејн може да се врати за финалето во Лигата на шампиони на 1 јуни, ако тимот го отстрани Ајакс во полуфиналето на турнирот.

Кејн се уште се опоравува од поврдата во глуждот, откако по втор пат страда од слична повреда оваа сезона.

Англискиот репрезентативец се повреди при минималната победа над Манчестер Сити со 1:0 во првиот четвртфинален судир од Лигата на Шампионите, одигран на 9 април. Но Почетино потврди дека опоравувањето на голгетерот оди според планот – нешто што дава надеж на навивачите на лондонскиот тим, како и на оние на Англија, кои се подготвуваат за полуфиналето против Холандија во Португалија во Лигата на нациите на 6 јуни.

– Се надевам, да. Тој се справува добро, но до денес не можам да кажам кога сигурно ќе го видиме повторно во игра, одговори аргентинскиот стручњак, кога беше запрашан дали Кејн ќе биде подготвен за финалето на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Според него, ова може да се случи пред 1 јуни, а можеби и потоа.

– Тоа зависи од тоа како неговото тело реагира на повредата. Сега неговото закрепнување е во добар период и тој се справи добро, но секогаш доаѓа момент во кој треба да одлучам дали тој е подготвен или не. Ако ме прашате денес дали тој ќе биде подготвен за финалето, ќе ви кажам „Да“, бидејќи знам колку упорен е Хари и колку напорно работи секој ден. Но, јас не сум доктор, тоа е само моето набљудување и желба, додаде Почетино.