ПОЦ: Отстранет е проблемот со истечениот сертификат


Фото: Б.Грданоски

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ информира дека го отстраниле техничкиот проблен со истечениот сертификаст на нивната вебстраница.

„За да обезбедиме целосна безбедност на податоците на нашите корисници, веднаш по нотификацијата за истечениот сертификат, од 14:00 до 16:30 часот, ја ставивме вон функција новата веб страна. Новата веб страница сега е повторно во функција и со обновен безбедносен сертификат. Уште еднаш потенцираме дека новата веб платформа на ЈП ПОЦ е изградена согласно највисоките безбедносни стандарди и ги уверуваме корисниците дека нивните податоци и сега и во иднина ќе бидат комплетно заштитени“, информираат од ЈП ПОЦ.