По Велигден протестираат гранските синдикати на КСС


Дел од гранските синдикати при КСС, на одлучија дека доколку до 26 април до 12 часот Владата не се одзива на нивните барања, ќе излезат на улица.

Имено, најавуваат секојдневен протест од 16 до 17 часот од Собранието до зградата на Владата.

– Денеска повторно дел од гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати, Синдикатото за администрација, државна управа и правосудство, Синдикатот за транспорт и врски, Синдикатот за станбено деловни, комунални организации, Синдикатото на полиција и Синдикатот за енергетика кои на 30 маерт излегоа на предупредувачки протест и се крајно разочарани и се чувствуваат манипулирани од односот на Владата кон вработените и кон нас како синдикат. Денеска Законот за административни службеници е во собраниска процедура, на пленарна седница, закон кој е потценувачки и се надеваме дека денеска нема да биде изгласан од причина што платите на административните и јавните службеници ќе бидат покачени за само 10, до 200 или 300 денари – рече Благоја Рапловски, претседател на КСС.

Тој ги повика сите пратеници во Собранието да не го гласаат овој закон, да го вратат оној амандман којшто беше одбиен во комисиска седница порача дека секој пратеник кој ќе гласа ваков закон е против работниците во јавниот сектор.

– Решението е многу едноставно. Членот 88 од Законот за административни службеници вели дека Владата го покачува бодот. Ако Владата го покачува бодот, решението е едноставно, за пола час на собраниска седница може да се реши овој проблем – вели Ралпосвки.

Според нив, доколку се зголеми бото на 103 денари, тогаш паралелно ќе се зголемат платите на сите врадобтени кои тие ги застапуваат, односно најниска би била околу 18.200 денари, а другите паралелно и соодветно би пораснале. Во спротивно, распонот во плати на оние со средно и со високо образование паѓа на 1.000 до 2.000 денари.

Барањето за линеарно зголемување на платите од 2.800 денари, за нив е неприфатливо, затоа што треба да се сменат многу закони и систематизации, па вработените би ги добиле парите дури на есен или дури и до Нова година.

Рапловски вели дека со овие барање се опфатени околу 100.000 членови, а очекува тие во голем број да ги поддржат на протестите. Вели дека нема да прават протести во работно време, затоа што се загрижени за нивните членови, а ќе протестираат по работа.

Ќе пратат покана до сите братски синдикати да им се придружат.