По тројца тренери и ракометари на македонската репрезентација позитивни на корона вирусот


Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на Европското првенство 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на COVID – 19, при што позитивни тестови имаат тројца од стручниот штаб и тројца играчи, соопшти РФМ.

Од тренерите позитивни на корона вирусот се: Александар Царчев – тренер на голмани, Никола Матлиески – помошник тренер и Радослав Стојановиќ – помошник тренер.

Од играчите: Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.

Контактите се изолирани, а ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања.