По три дена, повтроно зголемен број починати во Шпанија


 

Во Шпанија во последните 24 часа од ковид-19 починаа 919 луѓе, а тој број повторно покажува пораст, по три дена пад, објави Владата.

Вкупно од ковид-19 во Шпанија починаа 16.972 со што земјата се змета за најтешко погодена од пандемијата од кроона вирус, зад САД и Италија.

Вчера според официјалните податовци во Шпанија починаа 514 луѓе.

Од друга страна пак, бројот на новозаразени во последните 24 часа е помал и изнесува околу 4.100. Влупно заразени во земјата се 166.019, а оздравеа 62.391 пациенти.

Најсторгите мерки на излоација кои се воведени во земјата на 14 март продолжени се до 25 април, но премиерот Педро Санчез предупреди дека треба да се биде внимателен во намалувањето на рестриктивните мерки.

Шпанците немаат право да излезат од дома освен за на работа, за на лекар, купување храна и шетање куче. Секоја прошетка и рекреирање надвор се забранети.

Двонеделното сопирање на стопанските активности кои енс е неопходни речиси целосно се сопрени во Шпанија, четвртата најјака економска сила во Европа и по Велики понеделник треба да се продолжи со работа.

Од страв заради ширењето на вирусот Владата најави дека од понеделник ќе дели маски на луѓето кои користат јавен превоз, а мора да одат на работа.