По страшната несреќа, нов увид на автопатот „Струма“ – ќе се анализираат патот, кривините, ознаките
Семејствата на загинатите во автобуската несреќа на „Беса транс“ во Бугарија бараа и добија нов увид за условите во кои се случила трагедијата, јавува Сител телевизија.
Утре на терен, на автопатот „Струма“ повторно ќе излезат истражители од Перник, за што семејствата тврдат дека имало и други околности, а не само одговорност на возачот, како што беше заклучено во истрагата на бугарското обвинителство.
Истражителите ќе ги анализираат патот, кривините, ознаките и какво било одржувањето на патниот правец.
Адвокатот кој ги застапува оштетените вели дека ќе се испитува не само местото, туку и неколку километри пред и потоа за да се добие реалната слика.
Според него, вината не може да биде само кај возачот, а одговорност се бара и кај Агенцијата за патна инфраструктура.
Исто така се анализира и каде се личните работи на патниците.
Според информациите, патниците носеле вреден накит на себе, но истиот никој ни им го дал, ниту пак го пријавил.
Инаку, во страшната сообраќајна несреќа на овој автопат загинаа 45 македонски државјани.