По сообраќајка се пукало во Сарај


Во петокот, во 22.35 часот во СВР Скопје Ф.Ф.(33) од с.Грчец, скопско пријавил дека во близина на бензинска пумпа во село Сарај, по претходно случена сообраќајна несреќа помеѓу Ш.С. сопственик на патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки и Ф.И. сопственик на патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, поминале две лица со мотоцикл при што испукале еден куршум во воздух и се упатиле кон село Сарај.

Според пријавеното како можен сторител е посочен З.Ш. од село Крушопек. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.