По прв пат во историјата нема да се додели „Златната топка“


Престижната фудбалска награда „Златна топка“, која се врачува на најдобриот фудбалер на светот, оваа година нема да биде доделена.

Наводно, главна причина за тоа е прекинот на сезоната од неколку месеци поради пандемијата од корона вирус.

Доделувањето на наградата на најдобрите во светот на фудбалот почна во 1956 година и од тогаш церемонијата се приредува секоја година.

Минатата година за најдобар играч е прогласен Лионел Меси, капитенот на Барселона.

Токму Аргентинецот е рекордер со дури шест освоени „Златни топки“.

Го следи Кристијано Роналдо со пет, а по три имаат Јохан Кројф и мишел Платини.

Прв освојувач на престижната награда беше Стенли Метјуз, кој во 1956 година победи пред Алфред ди Стефано и Рејмонд Коп.