По познатата насловна од 2017, „Шпигел“ со нова порака (Фото)

Германскиот весник „Шпигел“ во февруари 2017 година, објави насловна страница која молневито се прошири по социјалните медиуми, а вчера објави нова, поврзана со првата.

Имено, првата беше објавена откако американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша една во низата свои извршни одлуки со која ја затвори вратата за бегалците од седум мнозинско муслимански земји, тврдејќи дека со тоа ги брани верските слободи.

Се работи за насловна од 4 февруари 2017 година. На неа имаше цртеж од Трамп како во една рака ја држи отсечената глава на „Статуата на слободата“, а во другата крвав ноќ, а пишуваше „Америка прво“.

На денот кога Џо Бајден е прогласен за нов претседател на САД, „Шпигел“ возврати со нова насловна, на која Џо Бајден се качува на столица, со маска преку устата и носото и ја враќа главата на „Статуата на слободата“.Носи син костум, а на насловната пишува: „Make America great again”.