По поништувањето на изборите во Истанбул: Се огласи ЕУ


Европската унија соопшти дека заштитата на слободниот, чесниот и транспарентниот изборен процес е суштинска за секоја демократија и дека тоа е во срцето на односот на Унијата со Турција.

Соопштението е објавено откако изборната комисија во Турција ги поништи локалните избори во истанбул и нареди нивно повторување.

– Оправдувањето на оваа одлука е со далекусежни последици, донесена во високо политизиран контекст, треба да биде, без одлагање, ставено на увид на јавноста – се наведува во текстот.

Соопштението заедно го објавија комесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика и сигурност Федерика Могерини, а поставено е на интернет-страницата на Делегацијата на ЕУ во Турција.

Исто така, се истакнува дека Унијата очекува од турските власти повик на меѓународни набљудувачи за следење на повторните избори.