По Муцунски и Стефковски воведува почеток на наставата со македонската химна


Откако пред две недели Општина Аеродром одлучи секој понеделник учениците да се постројат под македонското знаме и да ја слушаат македонската химна, денеска и градоначалникот на Општина Гази Баба најавува иста пракса.

– Секој понеделник наставата во училиштата на територија на општина Гази Баба ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија. Нашата цел е да создадеме навика кај децата да од најмали нозе имаат почит и љубов кон својата татковина. Химната и знамето на нашата Македонија се нераскинлив дел од нашиот повеќевековен идентитет и тие ја заслужуваат нашата должна почит – напиша Стефковски на социјалните мрежи.

Дополни дека „на денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба ја донесе оваа Одлука која е задолжителна за сите општински основни училишта на нашата територија“.