По масовните убиства во Србија, се отстранува муралот на Младиќ во Белград
Неколку белграѓани се собраа околу муралот на воениот злосторник Ратко Младиќ на Врачар на улицата „Његошева“ со намера да го исчистат тој дел од Белград со отстранување на овој мурал од ѕидот, бидејќи сметаат дека на на овој мурал местото не му е таму.
Потсетуваме дека на тоа место имаше организирани протести, активисти неколку пати се обидоа да го префарбаат, но овој мурал сѐ уште стои на аголот од овие белградски улици.
Меѓу оние кои дојдоа да го исчистат муралот е и претставникот во Собранието на Србија, Ѓорѓе Микетиќ, кој беше виден со четка како се обидува да го отстрани овој контроверзен мурал од фасадата на зградата во Врачар.
Потсетуваме, минатата недела Србија и регионот беа потресени од две масовни престрелки во кои загинаа голем број луѓе. Првиот, кој се случи во основно училиште во Белград, а заврши со осум жртви, ученици и чуварот во училиштето. Убиецот е еден од учениците на тоа училиште.
Во вториот, кој се случи само еден ден подоцна во Младеновац кај Белград, загинаа осум лица, а виновникот беше 21-годишниот Урош Блажиќ.
Многу интелектуалци и јавни личности, коментирајќи ги овие страшни злосторства, го доведуваат во прашање самото постоење на овие и слични мурали кои ги слават воените злосторници.
Инаку, на територијата на белградските општини има најмалку 250 графити и мурали кои го величат воениот злосторник Ратко Младиќ, кој беше законски осуден за геноцидот во Сребреница.
Најголемиот број графити и мурали, кои Младинската иницијатива за човекови права ги документираше и објави, се лоцирани во централните белградски општини Стари Град, Врачар, Савски Венац и Чукарица.
Сепак, овие графити и мурали се наоѓаат и во други белградски општини. Низ Србија ги има повеќе од 300.