По големите пожари летово, беровци се организираат да садат дрвја


Во недела, беровци се организираат да пошумат едно место во блзина на градот. Иницијативата е на екипата од сатирично-хумористичната Фејсбук-страница „Беровски бисере“.

Ако се знае дека летово во околината на Берово, Пехчево и Делчево имаше големи пожари, во кои изгореа повеќе хектари стара шума, оваа иницијатива е за поздрав.

Од „Беровски бисере“ информираат дека имаат обезбедено 5.000 садници за пошумување, но и 2.000 украсни зимзелени дрвја за оние кои ќе дојдат на акцијата, да си посадат и во дворот.

Нивната објава ја пренесуваме во целост:

„ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!
* Фоф Недела(14.11.2021), Беровски Бисере заедно со групата Pathfinders организира пошумување на дрва.
* На сликата може да видите дека е локацијата за пошумување. Потребно е сами да си обезбедите превоз до областа (може и сос кола), и да си земете КОПАЧ(не лопата), пиво, желба за дружење и садење дрва. Вашата кола че ја оставите на асфалт и после 50 метри од асфалто е локацијата за садење.
* Обезбедени се околу 5 000 дрва за пошумување и околу 200 дрва украсни зимзелени за кој иска да си посади фоф дворо.
** ДОЈДЕТЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ **“