По големиот дефект, Јужна Америка повторно доби струја


Поголеми делови од Аргентина, Уругвај и Парагвај повторно добија електрична енергија, откако вчера десетици милиони луѓе во овие латиноамерикански земји останаа без струја.

Аргентинскиот претседател Маурисио Макри рече дека се уште не е позната причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија.

Дефектот во системот за снабдување со електрична енергија во неделата без струја остави ја речиси половина Јужна Америка, вклучително и Аргентина и Уругвај, а на социјалните мрежи беше објавено дека се погодени и делови од Бразил, Чиле и Парагвај.