„По ѓаволите… ние ќе продолжиме да ја финансираме украинската влада бесплатно“, напиша Илон Маск на Твитер


Старлинк антена во близина на украинскиот град Изјум

 

Неколку недели откако SpaceX рече дека компанијата не може да продолжи да го финансира користењето на сателитските услуги од страна на украинската војска, американскиот милијардер Илон Маск повторно се изјасни на Твитер денес – иако не беше јасно дали проблемот навистина е решен.

„По ѓаволите… иако Старлинк сè уште губи пари и другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние ќе продолжиме да ја финансираме украинската влада бесплатно“, се вели во твитот од проверениот профил на Маск во саботата.

Старлинк е името на сателитски систем, направен од SpaceX на Маск, кој беше витален извор на комуникација за војската на Украина. Интернет терминалите на компанијата им овозможија на војниците да останат поврзани дури и кога мобилните телефони и интернет мрежите беа уништени во војната со Русија.

SpaceX го предупреди Пентагон дека може да престане да ја финансира услугата во Украина, освен ако американската војска не помогне со десетици милиони долари месечно. Компанијата, исто така, побара Пентагон да го преземе финансирањето на украинската влада и воената употреба на Старлинк, за што SpaceX тврди дека ќе чини повеќе од 120 милиони долари до крајот на годината и може да чини близу 400 милиони долари во следните 12 месеци.

Портпаролот на Пентагон изјави во петокот дека биле во комуникација со SpaceX во врска со финансирањето на производот за сателитска комуникација Старлинк.

„Ниту едно добро дело не останува неказнето“, рече Маск како одговор на следбеникот кој одговори на неговиот твит во саботата. „И покрај тоа, сепак треба да правиме добри дела“.