По Евросонг, на ред е светот: Гарванлиев победи на World Folk Vision


Фото: Б. Грданоски

Global Culture Initiative денес ја објави листата со победници на фестивалот World Folk Vision 2020. Во категоријата за најдобра песна победник е нашиот овогодишен преставник на Евровизија – Васил Гарванлиев со песната Ѓердан. На овој  глобален фестивал учествуваа над 4000 реномирани уметници  од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44 члено професионално жири од повеќе земји од светот.  Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји  одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.

“Сеуште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со Ѓердан да учествувам – песната која ја посветив на нашата тактовина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време„

Песната Ѓердан беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгич, текст на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан.

Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво. Васил ќе настапи на гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар.

Фотографии и линк од официјалната платформа на WFV

http://www.worldfolk.vision/

http://worldfolk.vision/files/14/Winner4_new2.jpg