По Доналд Трамп, и Меланија Трамп лансираше своја криптовалута
Новата прва дама на САД, Меланија Трамп, го следеше својот сопруг Доналд Трамп и ден пред званичната инаугурација и влез во Белата куќа лансираше своја крипто меме-монета со вредност од повеќе милијарди долари – па дури и му ја намали добивката од меме-монетата на нејзиниот сопруг, издадена само неколку дена порано.
Претходно, вредноста на крипто-токенот на идниот претседател, Трамп, се зголеми за повеќе од тројно на повеќе од 70 долари, што му дава вкупна вредност од над 14 милијарди долари набргу по неговото лансирање во петокот. Сепак, лансирањето на паричката на неговата сопруга, $Melania, ги намали тие придобивки, пишува британски Гардиан.
Трамп, чијашто претседателска инаугурација се случува денес во Вашингтон, објави на социјалните мрежи откако беше лансиран неговата крипто-монета: „Време е да прославиме се за што се залагаме: ПОБЕДА! Придружете се на мојата посебна заедница на Трамп. ДОБИЈТЕ ГО ВАШИОТ $TRUMP СЕГА.“ Според веб-страницата на мем-монетата, компанија, CIC Digital LLC, ќе поседува 80% од понудата на монетата.
Се чини дека лансирањето на меме-Меланија има сличен ненамерен ефект на пазарот, бидејќи некои трговци го продадоа меме-коинот Трамп за нова цел. „Официјалниот меме-коин на Меланија е лансиран! Сега можете да купите $MELANIA“, објави таа на X, а објавата беше повторно објавеноа од Трамп.
Набргу по лансирањето на $Melania, цената на $Trump падна за повеќе од 50%, од 75 $ на 30 $, пред постојано да закрепнува во следните часови на околу 64 $. Пазарната капитализација на $Melania достигна дури 13 милијарди долари.