По белите лавови и бели волци во Скопската зоолошка


За првпат, Скопје ЗОО ќе биде дом на арктички бели волци, информираа од Скопската зоолошка градина преку Фејсбук.

Овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваме во Скопје да пристигнат следниот месец.

Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите.

Пред некој ден, во зоолошката во Скопје беше отворено и живеалиштето на фламингата, а 15 фламинга веќе уживаат во него.

Зоолошката најави дека ќе донесе и пингвини во следниот период.