По Адел и Кели Озборн ослабе речиси 40 килограми


САД – Британската пејачка и глумица Кели Озборн е забележана како излегува од аптека во Лос Анџелес, САД, повторно покажувајќи му ја на светот својата нова фигура…Имено, според многумина, луѓето би ја препознале ќерката на познатиот рокер Ози Озборн само по карактеристичната фризура, розовата боја на косата и мачка-очилата. Но, тоа не само поради  маската за заштита од Ковид-19, туку и затоа што таа последниов период загубила, според нејзините кажувања – скоро 40 килограми и е горда на тоа.

Како што таа вели, тајната е во напорните тренинзи.

Тинејџерската ѕвезда на реалното шоу „Озборнови“ постојано се бореше со вишокот килограми, па се чини, конечно го нашла својот „лек“.

Поп-ѕвездата Адел, претходно, ослабе околу 50 кг и е непрепознатлива. Единствената поп-ѕвезда која заработува милиони само од музика, ја подели јавноста со новиот изглед. Фановите се во исчекување на новиот албум, кој беше најавен за септември.