По 97 години од откривањето: Прва реставрација на позлатениот саркофаг на Тутанкамон

Египет- За првпат по откривањето на гробницата во 1922 година во Египет започна реставрација на познатиот позлатен саркофаг на Тутанкамон.

Реставрацијата почна на средината на јули, откако саркофагот беше пренесен во Големиот египетски музеј во Каиро од Долината на кралевите во Луксор, јужен Египет.Се очекува реставрацијата да трае осум месеци.

Станува збор за уникатен историски артефакт, не само за Египет, туку за целиот свет. Ковчегот на младиот крал ќе биде изложен заедно со други артефакти кон крајот на наредната година, кога музејот ќе биде отворен за јавноста.

Дрвениот позлатен ковчег е дол 2.23 метри, а во изминатиот век се појавиле пукнатини во позлатениот слој.Тутанкамон е можеби најславниот египетски фараон, благодарение на британскиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја откри неговата гробница.