По 6.000.000 денари за обезбедување, а безбедноста во училиштата ниска


Речиси никој не ја гарантира безбедноста во училиштата, особено по последните случи на неѓуврсничко насилство, но и случаите каде наставници и професори се фатени во недолично или агресивно однесување кон учениците. 

Министерката за образование, Весна Јаневска и вчера, а и денеска вели дека ќе наложи да се воведат дежурства на наставниците во училиштатат, за време на одморите, во ходниците на училиштата, но и во дворовите.  

„До безбедни училишта направивме многу за да стигнеме, но треба уште многу да се направи. неколку прирачници, неколку упатства дистрибуирани до самите училишта и до општините. Вчера веќе најавив дека ќе бидат обврзни дежурствата на наставниците како во ходдниците, така и во училишниот двор“, рече Јаневска, која денеска присуствуваше на поставување камент-темелник на ООУ „Гоце Делчев“ во Аеродром..

Министерката вели дека во некои училишта тоа постои, но во огромен број училишта не постори таква пракса, наставниците да дежураат по ходниците и во дворовите за време на одморите меѓу часовите.

„Сега, во разговор со градоначалникот (на Аеродром) разбрав дека плаќа 6.000.000 денари за обезбедување. Во едно минато време наставниците го правеа тоа, и имаше подобро воспитување на децата отколку да ги трошиме парите на некој кој не е вклучен во образовниот процес. Сите што се вклучени во образовниот процес: наставниците, стручната служба, но секако и родителите треба да помогнат во воспитувањето на децата, а добро воспитани деца, всушност обезбедуваат и добри безбедни училишта“, вели Јаневска.

„Ја зајакнуваме улогата на наставникот на секој можен начин, бидејќи тие се клучот, како во образованието, така и во воспитувањето“, рече министерката.

Апелира до родителите, за малку повеќе внимание, и прифаќање на сугестите на наставниците.