По 27 години решен случај на убиство на девојче во Баварија


 

Убиството на 13-годишно девојче во 1993 година, во селото Вајзенфелд во Долна Франконија на северозападот на Баварија во тоа време ја потресе јавноста. Имало осомничени, но сторителот не бил фате. Сè до сега.

Девојчето Сабие Б. не се вратило дома на 15 јануари 1993 година. По два дена пронајдена е мртва во близина на една коњска фарма во дупка со сталски гној, која била затоврена со бетонска плоча.

Се утврдило дека е убиена на многу брутален начин. Нашле траги на насилство на вратот и главата, а устата ѝ била полна слама.

Имало три осомничени

Во тоа време осомничени се тројца: 17-годишник од тој регион, 29-годишник од Вајзенфелд и 15-годишник од истото место.

Тој најмладиот, бил најсомнителен. Неговите искази биле полни противречности. Три пати е приведуван и три пати шуштан оти немало цврсти докази. Во 1994 година обвинет е за уште едно убиство, но исто така е пуштен. Подоцна починал во сообраќајка. Случајот се „оладил“.

Убиецот откриен со помош на ДНК

Во меѓувреме, ДНК анализите станаа понапредни. Полицијата пронашла нови траги кои воделе до еден од тројцата осомничени – момчето од округот Мајн-Спесарт.

Врз основа на потерница која ја издал истражен судија, полицијата уапси 44-годишник, соопштија вчера од канцеларијата на јавниот обвинител. Се работи за Торстен Е., кој во тоа време имал 17 години. Мотивот за убиството не се познат, пишува Зидојче цајтунг.