По 20 години: Зак Позен ја затвара модната куќа


САД- По 20 години облекување на холивудските ѕвезди за црвениот ќилим, соработкaта со првата дама на САД и восхитот од модните писти, дизајнерот Зак Позен ја затвара модната куќа. Сопственикот на брендовите House of Z и Z Spoke објави дека се поздравува со своите брендови по долго финансиско и стратешко размислување за опциите кои му преостанале.

-Жал ни е за одлуката, но таа е најдобра во овој момент, изјави Позен.

Зак го покрена брендот во 2001 година и зад себе има вредни модни награди, како таа на Советот на модните дизајнери на Америка, а ги облекуваше и Мишел Обама, Кејти Холмс, Гвинет Палтроу, пејачката Ријана… Беше член и на жирито во шоуто “Project Runway”.

Дизајнерот моментно е креативен директор на американскиот бренд Brooks Brothers . Позен е најпрепознатлив по тоалетите со сирена крој, а многумина го сметаа за чудо кога се појави на модната сцена. Дипломец е на Central Saint Martins од Лондон, а на 22 години е избран за дизајнер на годината.