По 13 години брак: Се разведе славниот кошаркар Перо Антиќ


Медиумите пишуваат за разводот на славниот македонски кошаркар Перо Антиќ, претседател на кошаркарската федерација и неговата сопруга, бизнисменката Ружица Антиќ.

По 13-годишниот брак, причините за разделбата на двојката сè уште се непознати и ниту еден од нив двајца не сака да зборува за истите. Перо и Ружица се разделиле уште пред неколку месеци, а документите за развод ги потпишале пред повеќе од еден месец.

Поделбата на имотот, велат извори, била фер. Сопругата го добила старателството над децата и куќата на Водно, а на Перо му останал станот, исто така, на Водно.