Пленковиќ под постојана закана, Милановиќ му порача да си оди кај мајка му

 

На име на Андреј Пленковиќ, во седиштето на партијата ХДЗ, стигнало писмо со закани за смрт, а во пликото имало бел прав, потврдија од хрватската влада.

Полицијата го истражува писмото до Пленковиќ,а премирт на Хрватска деновиве прима закани и преку социјалните мрежи.

Полицијата уапси две лица, едно од околината на Кутина, а друго од Загреб, затоа што преу социјалните мрежи упатиле закани за премиерот.

Кај едниот е најдено и оружје.

Заланите зачестија деновиве по нападот пред институциите на Хрватска на познатиот Марков плоштад, кога еден полицаец беше застрелан, а напаѓачот се самоуби.

Претседателот Зоран Милановиќ, пак, пред новинарите рече дека заканите се дел од работата и дека и тој самиот ги добива.

„Ова е опасна работа во која Пленковиќ заталка пред неколку години. Ако не си во состојба да живееш со тој притисок, оди кај мајка ти“, му почара Милановиќ.