Пленковиќ нема да се изолира по краткиот контакт со Новак Ѓоковиќ


Хрватска–  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нема да се изолира по краткиот контакт со светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, кој е позитивен на Ковид-19.

Според хрватскиот Институт за јавно здравје, нема потреба премиерот да биде во карантин бидејќи ризикот од инфекција е мал. Тој не беше во близок контакт со Ѓоковиќ. Пленковиќ беше на турнирот во градот Задар во саботата, ден пред да биде прекинат.

Резултатот од тестот на премиерот е негативен. Но, тој беше обвинет и повикан од опозицијата да се изолира доброволно. Избори се очекуваат во Хрватска за нешто повеќе од една недела.