Пленковиќ казнет со 3.000 куни оти пријавил поголема плата на сопругата


 

Комитетот за одлучување на судир на интереси денеска на својата седница одлучи да го казни премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ со 3.000 куни (404 евра), поради неусогласеност во пријавата за имот. Пленковиќ казната може да ја плати на три рати.

Според Комитетот, имало мали несогласувања околу пријавеното и она што го поседува премиерот, а процесот против него почна во октомври лани.

Што е спорно?

Пленковиќ, од 2016 до 2018 година пријавил поголеми примања за сопругата од вистинските. Навел дека нејзината годишна плата изнесува 121.385 куни (над 16.000 евра), а во текот на тие години, таа всушност земала двојно помала плата, затоа што била на породилно боледување.

Исто така, Пленковиќ не впишал во имотната картичка дека неговата сопруга наследила третина од парцела во близина на Дубровник.