Пленковиќ и Фон дер Лајен на 1 јануари ќе посетат хрватско-словенечки граничен пункт


Андреј Пленковиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, по завршувањето на 19-та седница на Националниот совет за воведување на еврото како официјална валута во Република Хрватска, соопшти дека по повод влезот на земјата во Шенген и еврозоната на 1 јануари ќе ја посети хрватско-словенечкиот граничен пункт Брегана.

Заедно со него ќе биде и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а таму ќе ги пречека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Подоцна во текот на денот на централниот плоштад во Загреб „Бан Јосип Јелачиќ“ ќе се напијат кафе, кое ќе го платат во евра.

– Настанот ќе го одбележиме симболично, без големи прослави и трошоци. Мислам дека ова е сосема соодветен начин да се одбележи оваа опиплива промена за сите наши граѓани, рече Пленковиќ.

Тој заклучи дека најважно е целата операција на преминувањето на еврото да се одвива непречено и без никакви тешкотии за граѓаните, објави хрватската влада на својата официјална страница.