Пленковиќ го осуди инцидентот со Србите во Сплит и се нафрли на левицата

Хрватскиот премиер се бранеше од обвинувањата дека неговата влада се залага за историски ревизионизам, го промовира усташтвото или пушта некаков дух од шишето


 

Откако вчера меѓу 50 и 100 маскирани млади мажи, облечени во црно, упаднаа во просториите на сплитскиот градски округ Блатина-Шкрапа, каде што, според очевидци, извикуваа „За дом спремни“, барајќи децата и младите мажи и жени од Културното друштво „Нови Сад“ веднаш да ги напуштат просториите, премиерот Андреј Пленковиќ денес одржа вонредна прес-конференција на оваа тема.

„Откако дознав за овој инцидент што се случи синоќа во Сплит веднаш го најостро го осудив преку социјалните кој беше во рамките на деновите фолклорот како дел од активностите на Српското културно друштво ‘Просвјета’ во Сплит. Овој инцидент, во кој очигледно учествуваа навивачки групи и некои други лица, е грубо кршење на правата на малцинствата, груб напад врз српското малцинство во Хрватска, главно врз малолетници и постари лица.

Во Хрватска нема место за законот на улицата. Јасно го кажувам ова во име на хрватската влада и фактот дека ваков вид однесување е неприфатлив со демократските принципи, традицијата, владеењето на правото и создавањето толерантна атмосфера во општеството на кое работиме како Влада во последните девет години. Овој чин што се случи во Сплит нема никаква врска со заштитата на достоинството на Татковинската војна, ниту со чувствата на хрватските бранители. Како општество, ја цениме Татковинската војна како темел на државата, жртвата на бранителите кои ги дадоа своите животи за слободата. Во Хрватска сите национални малцинства имаат свои права, тие треба да бидат почитувани и треба да можат целосно да ги извршуваат сите активности што ги прават во однос на заштитата на својот идентитет, култура, традиција и религија без никакви ограничувања и во секојдневниот живот, особено културните друштва, насекаде во Хрватска“, рече премиерот.

„Оваа влада сигурно не е влада, како што имплицира левицата, која се залага за историски ревизионизам, го промовира усташтвото или го толерира или пушта некаков дух од шишето. Силно ги отфрлам сите овие тези на политичката левичарска опозиција, го осудувам овој инцидент најостро. Очекувам акција од полицијата и од обвнителството, бидејќи ова насилно однесување што го видовме вчера е без сомнение во доменот на кривично дело, а не прекршок, и сигурен сум дека одговорните ќе бидат гонети“, рече тој.

Премиерот рече дека владата е под постојан напад од политичката левица, која по концертите одржани во Сплит и Сињ не престанува да се оддалечува од темата за Втората светска војна и промоцијата на усташите и историскиот ревизионизам, обидувајќи се да ѝ припише на владата дека одговорна за одредени феномени. „Денес дури и ги гледам како се осмелуваат да бараат наша политичка одговорност. Го отфрлам таковиот политички став на левицата. Тие не беа артикулирани вака кога нивниот Зоран Милановиќ грубо го навреди Милорад Пуповац (лидерот на Србите во Хрватска – н.з.)“, рече Пленковиќ.

На прашањето дали има информации дали некој е приведен, премиерот одговори дека полицијата работи на идентификување на лицата кои учествувале во инцидентот. „Според информациите што ги имаме сега, едно од лицата кои учествувале во инцидентот е уапсено, а се истражуваат и други прашања“, додаде тој.