Пленковиќ демографски ќе ја обновува Хрватска: Ќе им плаќа на иселениците да се вратат


Андреј Пленковиќ

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска ја појаснуваше мерката за враќање на иселениците, на кои планира да има даде финансиска поддршка доколку се вратат во земјата од европските земји каде се иселиле.

Се работи за поттикнување на самовработувањето во износ од 150 или 110 илјади куни (околу 20.000 евра), зависно зод индустријата и дополнителни 50.000 куни (близу 7.000 евра) ако некој се враќа од ЕУ, односно 25.000 куни (3.500 евра) ако се работи за преселба во внатрешноста на земјата во помалку развиено подрачје.

„Според досега направените анализи, веруваме дека 400 до 4.500 луѓе може да ја искористат оваа мерка. За тоа ќе издвоиме околу 1,2 милијарди куни (160 милиони евра)“, рече Пленковиќ.

„Тоа се поттикнувачки мерки за некој кој има проблем да застане на нозе, ова е иницајален ветар во грб, кој дава мотив за враќање и финансиски средвста. Даваме шанса на оние кои отишле во членка на ЕУ да пронајдат мотив, желба, да се вратат“, вели Пленковиќ.

Смета дека сит екои имаат добар бизнис план, ова ќе им помогне да се вратат.