Плејбој зајачица го тужи Бил Козби за дрогирање и силување во 70-тите


Лос Анџелес- Познатиот американски комичар Бил Козби се соочува со нова тужба, овој пат од поранешната Плејбој зајачица Викторија Валентино, пишува CNN.

Валентино (80) тврди дека Козби ја дрогирал и силувал во 1969 година. Поранешната манекенка и претходно зборуваше за нејзините обвинувања против комичарот, па дури и се појави на неговата пресуда пред две години.

Тужбата беше поднесена вчера во Врховниот суд во Лос Анџелес. Тоа уследи по Законот за сексуално вознемирување и прикривање на Калифорнија, кој стапи на сила претходно оваа година.

Законот привремено го продолжува статутот на застареност на полнолетните лица кои преживеале сексуален напад.