Платила 52 долари во украински фонд, рускиот обвинител бара затвор од 15 години за неа


Ксенија Карелина

 

Обвинителството бара 15 години затвор за американската и руската државјанка Ксенија Карелина, која е обвинета за „велепредавство“. Ова го соопшти нејзиниот адвокат Михаил Мушаилов. „Обвинителството побара казна од 15 години затвор, [во казнена колонија] на општ режим“, ја цитира ТАСС изјавата на бранителот.

Обвинителството бара и да ѝ се ограничи слободата на Карелина две години по отслужувањето на казната и да и се изрече парична казна од 500 илјади рубли, се вели во извештајот на прес-службата на Регионалниот суд во Свердловск.

Ксенија Карелина (33) живеела во Лос Анџелес. Таа доби американско државјанство во 2021 година. Жената беше приведена во Екатеринбург во февруари 2024 година, кога се врати во Русија за да ги посети роднините. Таа беше обвинета за „предавство“ затоа што префрлила 52 долари на украинската добротворна организација „Разом за Украина“ на третиот ден од целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година. Случајот на Карелина го води истиот судија кој му изрече казна затвор на американскиот новинар Еван Гершкович од 16 години.

Според адвокатот Михаил Мушаилов, тој ќе ги „преземе сите законски значајни дејствија“ за размена на својот клиент.