Плати кафе со поезија во Пехчево по повод Светскиот ден на поезијата


Пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ и годинава се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на поезијата. Настанот и годинава беше одбележан во рамки на иницијативата „Плати кафе со поезија“ со читање авторски дела од познати македонски поети и писатели.

-Денеска по тој повод во кафе бар Ким се одржа поетско стихотворење. Се пишуваше поезија од страна на учениците и возрасните, а се читаа и песни од Ацо Шопов и Кочо Рацин. На тој начин се одбележа утрешниот ден, истакнаа од библиотеката „Кочо Рацин“ Пехчево.

Библиотеката „Кочо Рацин“ веќе осум години се придружува на кампањата „Плати кафе со поезија“.

-На 21 март 1999 година во Париз е усвоена одлука овој ден да биде прогласен како Светски ден на поезијата. Секоја година на овој ден се прават книжевни собири низ целиот свет, каде поетите оддаваат чест на поетското творештво. За нас е значајно што на ваков начин даваме минимален придонес на овој датум, посочија од Пехчевската библиотека.

Претходно по повод Светскиот ден на поезијата во Пехчево беше промовирано делото „Дамата со шеширот“ од поетесата Габриела Костадинова.