Платан од „Васко Карангелевски“ ќе се пресади во Градскиот парк

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и Градот Скопје денеска ќе извршат пресадување на едно повеќегодишно дрво – платан, од улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром.
Платанот ќе биде пресаден на претходно избрана локација во Градскиот парк.
Пресадувањето ќе биде извршено со специјалната машина за пресадување на дрвја, која е во сопственост на ЈП „Паркови и зеленило“.
Дрвото се пресадува поради овозможување на продолжување на градежните активности за проширување и изградба на улицата „Васко Карангелевски“.