Пласидо Доминго ги откажа настапите на пред-Олимпијадата во Јапонија


Јапонија – Организацискиот комитет на Олимпијадата во Токио соопшти дека оперската легенда Плацидо Доминго изјави дека нема да настапи на културни настани пред-Олимпијадта во Јапонија.

Комитетот во изјавата рече дека Доминго одлучи да не настапи на настанот закажан за април, со цел да се спојат операта и традиционалниот јапонски кабуки театар и официјални лица ја прифатија неговата одлука.

Ниту Доминго ниту организаторите не спомнаа обвиненија за сексуално вознемирување против него во врска со неговото повлекување.

„После размислено разгледување, донесов одлука да не учествувам во настанот кабуки-Опера, поради сложеноста на проектот“, се вели во изјавата Доминго објавена преку организацискиот комитет во Токио.

Доминго не даде дополнителни детали за причината. Тој посака настанот да биде успешен и изрази надеж за нова можност во иднина, според организаторите на Токио.

Асошиејтед Прес во август известуваше за наводни сексуални вознемирувања против Доминго од пред децении. Повеќе жени го обвинија Доминго дека ја искористил својата моќ да изврши притисок за недолично однесување, вклучително и во операта во Лос Анџелес, каде што бил долгогодишен генерален директор.

Оперските куќи во САД го откажаа појавувањето на Доминго по наводите.

Доминг ги нарече обвинувањата „длабоко вознемирувачки“ и „неточни“, велејќи дека верува оти сите негови односи биле добредојдени и консензуални.

Априлскиот настан, планиран од организаторите на Токио, беше да се промовира јапонската култура и разновидност.

Движењето #MeToo го немаше тој интезитет во Јапонија како во САД и другите западни земји, затоа што жртвите овде имаат тенденција да молчат заради раширените стравови за реакции во општеството каде родовата нееднаквост е сè уште очигледна.